Здружението на глуви и наглуви лица Охрид го одбележа седумдесетгодишниот јубилеј. На настанот присуствуваа членови на Здружението и соработници, а низ емотивни излагања беа изнесени активностите што ги одбележале изминатите години.
Здружението во Охрид е формирано во 1955 година и сѐ уште го има истиот регистар за упис на членови. Бројот на членови се движи околу 150.
По повод јубилејот беа доделени благодарници на поединци, Општина Охрид, институции и здруженија, кои низ годините давале и сѐ уште даваат поддршка.




























