За нас

Здружението на глуви и наглуви лица Охрид е организација која работи на заштита и унапредување на правата и интересите на глувите и наглувите лица.

Нашата работа е насочена кон создавање еднакви можности, подобрување на пристапноста, поттикнување на социјалната инклузија и подигнување на јавната свест за потребите и правата на глувите и наглувите лица.

Преку организирање активности, реализација на проекти и соработка со институции и други организации, се стремиме кон општество во кое секој има можност за рамноправно учество.

Закон за употреба на знаковниот јазик

Со овој закон, знаковниот јазик е признаен како потполно природен начин на комуникација, еднаков со говорната комуникација.

  • Глуво е лицето со оштетување на слухот над 80 децибели. Наглуво е лицето со оштетување од 25 до 80 децибели на подоброто уво.
  • Глувите и наглувите лица имаат право да го користат знаковниот јазик во постапките пред државните органи, општините, судовите, јавните претпријатија и установите.
  • Знаковниот јазик може да се користи и за други животни потреби, до 30 часа годишно.
  • Правото се остварува преку толкувач. Барањето се поднесува до надлежниот центар за социјална работа.

Ова е кратко објаснување. Важи целосниот текст на законот.

Текст на законот со сите измени, заклучно со „Службен весник на РСМ“ бр. 103/21 (2021 година).